Македонскиот ракомет обвиен во црно: Почина Андон Бошковски

Познатиот македонски тренер Андон Бошковски починал синоќа на 47-годишна возраст.

Домашниот ракомет загуби голем тренер, кој работеше во многу екипи како Металург, Вардар, Работнички, Младост Богданци, Еурофарм Работник, Струга, Голден Арт, Радовиш, Пролет, а имаше и интернационална кариера.

Во Романија го водеше тимот на Рома, беше селектор на Грузија, а изминатата полусезона беше тренер на Вуштриа од Косово.

Бошковски беше член на стручниот штаб на македонската репреземтација за време на најголемите успеси – петтото место на ЕП 2012 во Србија и квалификациите за Олимписките игри.

Претходна вестСанкции за 4 лица од Косово, нелегално работеле во Македонија
Следна вестИзмамена скопјанка за над 7.200 евра