Македонските одбојкари во полуфинале на Сребрената европска лига, помогна Романија

Македонските одбојкари ќе играат во полуфиналето на Сребрената европска лига откако го освоија второто место во Групата Б од групната фаза. Помогна селекцијата на Романија која со 3:0 во сетови (25:18, 25:19, 25:22) ја совлада Албанија.

Добивај вести на вибер
Албанците двапати ја победија Македонија, но на крајот сепак имаат полош сет – количник од нашата репрезентација, со оглед дека и двете селекции имаат по 10 освоени бода. Првопласирана е Романија.

Во полуфиналето од Сребрената европска лига, покрај Македонија и Романија, се пласираа и репрезентациите на Финска и на Унгарија.

Претходна вест118 сообраќајни прекршоци во Скопје: 42 за пребрзо возење, 19 возеле под дејство на алкохол
Следна вестПретпладне сончево, попладне со можност за пороен дожд