Македонско-српски бизнис форум во Скопје

12

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка.

Пред одржување на форумот, во Владата на Република Македонија, заменик -претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање.

Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, а во изјава за медиумите оценија дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем особено во делот на прехранбената индустрија. Тенденција, како што посочија, е да се зголеми размената.

Годинава, двете земји бележат раст во размената, но потенцијалите се многу поголеми од она што се остварува.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестГрчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони
Следна вестИгор Николоски е новиот заменик градоначалник на Општина Прилеп