За прв пат годинава после 35 години „Макфест“ ќе се одржува на отворено. Здравствените протоколи ја наметнаа потребата ѕвездите да пеат на отворено.
Сцената ќе биде наместена на градскиот плоштад „Слобода“, каде ќе се одржат две фестивалски вечери. Првата вечер ќе се слушаат најпознатите стари хитови од „Макфест“ од наши познати изведувачи, а втората вечер ќе биде директно финална вечер каде ќе настапуваат сите оние кои се пријавиле.
Плоштад „Слобода“ ќе има место за околу 400 гледачи, а датумот е закажан за кон крајот на септември.