Макрон го загуби мнозинството во парламентот, француската левица му зададе удар

Вчера заврши вториот круг од парламентарните избори во Франција. Вчера заврши и непреченото владеење на претседателот Емануел Макрон кој се најде без мнозинство во собранието. За помалку од два месеца откако беше реизбран за претседател, Макрон ја загуби контролата врз Народното собрание. Француската левица станува една од главните сили во Собранието.

Макронистите ќе треба да бараат мнозинство кај другите парламентарни групи во Собранието за да ги гласаат предвидените реформи. Пратениците на Макрон се многу далеку од 289 пратеници неопходни за донесување закони, бидејќи, според конечните резултати имаат само 245 пратеници или 38,48 отсто од гласовите. Отфрлање на шефот на државата, сега принуден да најде сојузници, а со тоа и да направи компромиси, за да може да ја спроведе неговата програма, која веќе е застарена од новата рамнотежа на моќ во Националното собрание.

Нупес-сојузот на левицата не успеаа да го донесе Жан-Лук Меланшон во Матињон за премиер, но сега се појавува како првата опозициска сила на извршната власт. Со 131 пратенички места или 31,76 отсто од гласовите.  Обединетата левица до сега имаше само околу педесет пратеници во претходниот законодавен дом,.

Двојниот претседателски финалист, во 2017 година, потоа во 2022 година, Марин Ле Пен ќе го преземе водството на моќна група во Палатата Бурбон. Традиционално обесправен од системот за гласање, Националниот собир освои 89 пратенички места или 17,20 отсто од гласовите.

„Народот проговори“, рече поранешната претседателска кандидатка Марин Ле Пен „Тој одлучи да испрати многу моќна пратеничка група пратеници од Националниот собир во Собранието, кое станува малку понационално“.

Во првата реакција, премиерката Елизабет Борн, нагласи дека „оваа ситуација претставува ризик за Франција, со оглед на ризиците со кои треба да се соочи и на национално и на меѓународно ниво“.

 

Претходна вестХрватската Влада ги ограничи цените на горивата на пумпите освен на оние кои се на автопат
Следна вестСака ли Ковачевски да гради македонско заедништво околу лошиот француски предлог?