Европа не смее да ги следи САД и Кина во однос на Тајван, туку да води своја независна политика, тврди Францускиот претседател Макрон по тридневната посета на Пекинг. Макрон викендов се врати од државна посета на Кина, каде што беше срдечно пречекан од кинескиот претседател Си Џинпинг.
Макрон, во заедничко интервју за „Лес Екос“ и „Политико“ , истакна дека Европа не треба да го заострува конфликтот околу Тајван, туку да се обиде да изгради сопствена позиција како трет пат меѓу Кина и САД.
– Најлошото нешто би било да се мисли дека ние Европејците треба да бидеме следбеници во ова прашање и да се приспособиме на американскиот ритам или кинеското претерување, изјави францускиот претседател.
Според него Европа мора повеќе да ја финансира својата одбранбена индустрија, да развие нуклеарна и обновлива енергија и да ја намали зависноста од американскиот долар за да ја ограничи зависноста од САД.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



