Мала излезност на изборите – порака до партиите…

Заврши денешното гласање на претседателски избори. Главна карактеристика е дека граѓаните не излегоа во голем број за да гласаат. До 18:30 часот според последните информации кои доаѓаат од ДИК излезноста е само 39,83 %.
Партиите, особено оние од власта, треба добро да изанализираат, каква порака им пратија гласачите со ова.
Инаку, според првичните оценки на набљудувачите, изборниот ден помина мирно и без проблеми.
Вториот круг од изборите треба да се одржи на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одѕивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.