Мала облачност и магла по котлините

На скопското подрачје времето ќе биде променливо облачно со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја. Според најавите, ќе дува и слаб до  умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, особено во јужните делови на Македонија, а во петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Претходна вестКонцерт со светски познатата виолинистка Баева во четврток во Филхармонија
Следна вестСекојдневие во Скопје: 45 лица возеле без возачка, 43 возила биле нерегистрирани…