Малолетничка тешко повредена, мотоциклист избегал од местото на несреќата

Малолетничка е тешко повредена во сообраќајна незгода вчера во струшко, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 11.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во с.Октиси, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(20) од с.Октиси и малолетничка од с.Октиси, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Охрид.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Претходна вестПрепорака на МОН: Основните училишта да имаат скратени часови, учениците да пијат вода и да не јадат масна храна и благо
Следна вестОсмани: Придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен