Малолетничка тешко повредена на булеварот „Борис Трајковски“, возачот избегал

Малолетничка е тешко повредена откако била удрена од автомобил на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската општина Кисела Вода, сооопшти полицијата.

МВР наведува дека синоќа околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ретгистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

-Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот, соопшти полицијата.

Претходна вестНово истражување: Музиката ја намалува болката кај новороденчињата при медицински процедури
Следна вестОд камион паднале кошници со 5 милиони пчели