Малолетници се лицата кои пред четири дена пукаа со автоматска пушка кон куќа во Тетово

45

Вчера во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, на влез во село Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од истото село, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово.

Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор, известија од МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОд 1 јуни венчавки во „Порта Македонија“
Следна вестНад 15.000 матуранти утре ќе полагаат мајчин јазик и литература