Малолетници се тепаа кај Железничка во Скопје

На 21.11.2022, во 20.20 часот, во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на автобуска постојка кај Транспортен центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници.

По пријавување на настанот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода излегле на местото и во автобус со број 74 на ЈСП кај малолетник од с. Горно Количани, Скопско, бил пронајден и одземен нож.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходна вестЈа истепал својата девојка, а потоа добил ќотек од нејзината мајка
Следна вестДодека Мета и Твитер отпуштаат работници, ТикТок продолжува да вработува