Осум малолетници запалиле огран на балконот на тетовската болница. Во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори со сите нив.
По преземени повеќе оперативни мерки Секторот за внатрешни работи Тетово ги идентификуваше лицата кои вечерта на 23-ти овој месец околу 19 часот запалиле оган на балконската просторија пред Кабинетот за физикална терапија во тетовската Клиничка болница и на тој начин предизвикале општа опасност. Станува збор за 8 малолетници од Тетово, на возраст од 13 до 16 години, соопшти МВР.
По извршениот увид, а во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори со сите нив и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.