Малолетник праќал ексциплитно видео од својата малолетна девојка на други лица

Вчера во 09.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 08.00 часот малолетник од скопско село, кој бил во љубoвна врска со нејзината малолетна ќерка, испратил експлицитно видео до други лица.

– Малолетникот преку мобилна апликација испратил видео со експлицитна содржина од нејзината ќерка на неколку лица, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПочинат маж пронајден во центарот на Скопје
Следна вестЦипрас бара избори поради скандалот со прислушувањата