Полицијата вчера уапси малолетник осомничен за „тешка кражба“ во мај годинава на паркинг во населбата Автокоманда.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот е осомничен дека кривичното дело го извршил заедно со други пет малолетници од Шуто Оризари и Топанско Поле на 8 мај годинава на паркинг во Автокоманда, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.
-Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело, наведува МВР.
Во изминатиот период службени разговори биле извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок.