Малолетник прободел 20-годишник

Малолетно лице прободело неколку години постаро од себе, полнолетно лице, вчера вечер во угостителски објект. Станува збор за седумнаесетгодишниот Ш.А. кој во еден момент, ноќта, извадил остар предмет и го прободел дваесетгодишниот Ш.Ј. Зошто се случило ова полицијата не соопштува. Единствено во билтенот се објаснува дека:
– Ш.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Ш.A. е задржан во Полициската станица Бит Пазар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.
За сега од таму тврдат работеле на осознавање на мотивите за нападот.