Малолетник со мотоцикл усмрти пешак во Демир Хисар

Петнаесетгодишник со мотоцикл вчера усмрти пешак во демирхисарско, соопшти МВР.

-На 25.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с. Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар. Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, објави полицијата.

Неговиот сопатник Д.Ј. (19) се здобил со тешки телесни повреди, а со повреди се стекнал и самиот малолетник, констатирани во Клиничка болница Битола.

 

Увид на местото на несеќата извршиле увидна екипа на СВР Битола и јавен обвинител.

 

Претходна вестКривична пријава против градоначалник Б.Ш., извршил изградба на крак од улица која не била дел од годишната програма
Следна вестОдземена ми е можноста да свикам седница на Комисија, вели Гаши за проблемот со Законот за бранители