Малолетник со тешки повреди е однесен во болница

Вчера околу 10.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од ул.„Едвард Кардељ“ и ул.„Енгелсова“ во Неготино, патничко возило „фолксваген шаран“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.С.(47) од Неготино, удрило во велосипед управуван од малолетник од Неготино.

-Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Неготино, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полицисклата станица Неготино.

Претходна вестКовачевски преку Фејсбук го честиташе Денот на македонската полиција
Следна вестТешка несреќа на патот Гостивар – Кичево