Малолетник тешко повреден во Трубарево, скопјанец удрен во сообраќајка во Аеродром

Две лица се тешко повредени во две одделни сообраќајни незгоди што се случиле вчера на скопското подрачје. Малолетен пешак е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило „ауди“.

-Несреќата се случила вчера на улицата „3“ во скопското село Трубарево, а била пријавена попладнето околу 18.00 часот. „Аудито“ имало скопски регистарски ознаки и го управувал скопјанецот С.Ј. (28). Малолетникот е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му се констатирани повредите, соопшти полицијата.

Од друга страна, Ѓ.Д. (36) од Скопје е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило „БМВ“.

-Несреќата се случила вчера, на крстосница од булевар „Трета македонска бригада“. Ѓ.Д. е пренесен во Градската општа болница „Осми септември“ каде му се констатирани повредите, а увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје, се наведува во информацијата.

Претходна вестНеделков: Штрајкот е затворен, и вработените во градинките ќе ги добијат платите
Следна вестЗа уривањето на „Космос“ Никола Груевски осуден на девет години затвор а Миле Јанакиески на три