Малолетник украл 8 лаптопи од училиште па ги препродавал

Малолетник од с. Петровец скопско е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, откако во службен разговор со полицијата, во присуство на родител, признал дека украл 8 лаптоп компјутери од училиште во с. Петровец.

– На 02.03.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери. Имено, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник – ученик во училиштето од с.Петровец, скопско. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди“, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот, се вели во известувањето од МВР.

Предметите биле вратени во училиштето, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМицкоски: Директори на училишта добиле насоки да ги игнорираат дојавите за бомби
Следна вестКовачевски проверуваше по маркетите, си купи бел леб и за дома