Манијакот седна спроти девојчињата жртви и призна дека се самозадоволувал

Манијакот кој се самозадоволуваше во автобуси на ЈСП и пред влезови на згради, Сонер Арслан, на рочиштето, призна вина, изрази каење и ветуваше дека нема да го повтори делото. Најмладата негова жртва е 19-годишно девојче, додека највозрасната имала 24-години. Вкупно се пет, а четири беа и во судницата.

Тој беше со грб свртен кон нив, па дури и кога судијката Љубинка Башевска му укажа дека не треба да и се извинува на неа, туку на оштетените девојчиња. На рочиштето на кое призна вина, Арслан, кој е роден во Турција, има 30 години и е верен, бараше поблага казна и ветуваше дека нема да го повтори делото, пренесува Макфакс.

– Да виновен сум. Признавам дека ги сторив кривичните дела онака како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот предлог. Многу се каам, многу се извинувам, кажа тој пред судијката.

Тој потоа рече дека не бил добар со мозокот.

– Доброволно го давате признанието? Никој не ве принуди, кажа судијката, на што тој одговори: -Со мозокот не бев добар…, кажа обвинетиот, а судијката препраша: – Дали некој ве принуди да признаете? Дали знаете каде сте што сте?, а Арслан одговори: -Да признавам.

Негов бранител беше Јовица Страшевски. Адвокатот посочи дека заменува колешка, притоа се извини на жртвите и посочи дека не е во неговата етика да брани вакви предмети. Страшевски пред обвинителката, судијката, полицајците кои го спроведуваа, кажа дека Арслан е корисник на дрога.

Претходна вестАЕК на Тричковски претрпе пораз од Вест Хем, следи реванш
Следна вестСГИП и Здружение на градежништво: Безобразен е договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“