МАНУ роденденски се самопофали дека многу работела за доброто на Македонија

Македонските академици денеска го одбележале 52-риот роденден на МАНУ. При тоа претседателот на Академијата Таки Фити истакнал дека активностите на МАНУ во изминатата година се реализирале успешно и со планираната динамика.

-Академијата се посвети на научноистражувачки проекти од различни области, разгледуваше и актуелни теми, а најголемо внимание им посвети на евроинтеграциските процеси, истакнал тој.

Во медиумските извештаи од самото одбележување, нема дали на прославата посебно било истакнато значењето на фактот дека ова е прв роденден кога академиците слават под ново име на академијата и дека многу труд вложија додека го најдоа најсоодветното ново именување.
Но, извесно е дека било нагласено како МАНУ „има извонредно богата работна програма, насочена во различни области која опфати различни теми, главно круцијални и врзани за актуелни состојби во Македонија во сите сфери на општественото живеење кои се во интерес на МАНУ – владеењето на правото и демократијата…“