Марихуана има по улиците како да е обична трева, полицијата вчера ловела дилери

Дрогата е се поприсутна на скопските улици. Тоа го кажуваат и полициските билтени во кои скоро секој ден има за приведени лица кај кои е пронајдено дрога.
Вчерашниот ден е полн со такви вести:

-Ноќеска во 01.00 часот по полноќ, полициските службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ го привеле лицето Н.Ф.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

-Во тој период други скопски полицајци на подрачјето на Бит Пазар го привеле лицето Б.К.(30) од Скопје, затоа што и кај него при извршен преглед била пронајдена марихуана.

-Приведени поради поседување на марихуана биле и лицата Б.И.(22) и Љ.С.(22), двајцата од Скопје. И тие биле фатени и приведени кај Бит Пазар.

Делува неверојатнио, но има уште неколку други лица фатени заради истите причини. Ништо не значи ако се објават и тие иницијали со вообичаените информации дека се приведени и дека полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.

Многу поважно е државните институции да објават имаат ли стратегија како да се застане на пат на оваа појава, која еве, се гледа, е многу распространета. Тука не е најповикана само полицијата, делување треба и од училиштата, социјалните служби, невладините организации, медиумите…