Марковска: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги, Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел

ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги, премиерот Димитар Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел, изјави денеска Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ. Таа одговори на новинарско прашање врзано за објавената афера „Броило“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

-Конкретно за оваа компанија Пиксел Гроуп Доо Скопје, Димитар Ковачевски не е дел дел од сопственичката структура, ниту пак е сопственик. Уште на ден 28.09.2020 г Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијата. Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот, нагласи Марковска.

Таа додае дека ВМРО-ДПМНЕ сака да си го сокрие сопствениот криминал.

-Очајно е ВМРО-ДПМНЕ, го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии. Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, нагласи Марковска.

Претходна вестЛефков: Аферата „Броило“ е шема која покажува како Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра
Следна вестУапсен Бугарин кој измамувал повозрасни скопјани за да им изнуди пари