Мароко најголемо изненадување на СП 2022, нацијата сонува за трофеј

Фудбалската репрезентација на Мароко е првото големо изненадување на Светското првенство во Катар. Тие на пенали (3:0) успеаја да ја елиминираат фаворизираната  Шпанија и да се пласираа во четврт-финалето на Мундијалот.

Херој на натпреварот беше мароканскиот голман Боно кој во серијата пенали ги одбрани сите удари од белата точка на Шпанија. Непрецизни во шпанскиот состав беа Сарабија, Солер и Бускетс, додека на спротивната страна пеналите ги реализираа Сабири, Зијеш и Хакими.

И како што е случај при секој завршен натпревар едни се радуваат, додека другите тагуваат.

Еден од најрадосните се разбира беше селекторот на мароканската репрезентација, Валид Реграуи, кој по натпреварот изјави дека нацијата веќе сонува за трофеј на овој Мундијал.

– Од почеток до крај бевме во борба, бевме фантастични, народот на Мароко е среќен со нашиот успех. Го заслуживме ова четвртфинале. На почетокот целта ни беше да ја минеме групата и успеавме во тоа, потоа и се пласиравме во четвртфинале, но имаме право и да сонуваме уште повеќе. Зарем некој ни забрани да сонуваме за титула во Катар?, порача мароканскиот селектор Валид Реграуи.

Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе се соочи со Португалија на 10 декември.

Претходна вестПатниците на германската железница ќе пијат од порцелански шолји, а кај нас…
Следна вестГрк со црногорско „ауди” пробал да шверцува 1250 кутии цигари