Мартин Шулц: ЕУ не испорача почеток на преговорите со Северна Македонија заради „предавството“ на Франција

Преспанскиот договор и улогата на Алексис Ципрас и Зоран Заев и неговите тимови се историски. Решија проблем кој на граѓаните им обезбеди мирно решение и отворија просперитет за идните генерации, но ЕУ не испорача почеток на преговори со Северна Македонија заради политичкото предавство на Франција, истакна Мартин Шулц, претседател на Фондацијата Фридрих Еберт и поранешен претседател на Европскиот Парламент во видео обраќање на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина по повод 6 години од Преспанскиот договор во организација на Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев.

-Двете држави постигнаа историски договор, а јас бев засрамен што ЕУ не испорача, како што беше ветено, дека ќе ги започне преговорите со Северна Македнија штом ќе се потпише договорот, истакна Шулц.

Претходна вестОН: Тројно е зголемен бројот на убиени деца во воените конфликти
Следна вестСпасовски: Новата Влада нема јасен план за економијата, нема јасни правци за стратешките интререси…