Масакар во седиштето на Јеховините сведоци во Хамбург, убиени неколку лица

Неколку лица загинаа во нападот кој се случи вчера во седиштето на Јеховините сведоци во Хамбург, вклучувајќи го и напаѓачот, соопшти полицијата, не прецизирајќи го бројот на загинатите. Додека германските медиуми објавија дека прво шест, потоа седум и според последните информации, загинаа осум лица.

Полицијата соопшти дека по се изгледа меѓу нив е и напаѓачот кој според германски Шпигел е поранешен член на заедницата, на возраст од 30 до 40 години, кој и претходно не и бил познат на полицијата.

Полицијата ги примила првите повици за помош во четвртокот вечерта околу 21 часот, откако одекнале истрели во зграда во областа Грос Борстел во северниот германски пристанишен град Хамбург, изјави полицискиот портпарол на местото на настанот.

Нападот се случил за време на настан на Јеховините сведоци, при што вооружениот напаѓач отворил оган.

Според претходните извештаи на медиумите, шест или седум лица загинале, а најмалку осум се повредени. Сепак, бројот на жртви во петокот наутро се искачи на осум. Исто така, се соопштува дека напаѓачот е мртов. Полицијата на Твитер соопшти дека нема сигурни информации за мотивот на нападот.

Градоначалникот на Хамбург Петер Ценчер го изрази својот шок од нападот на Твитер. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и рече дека надлежните служби работат на расветлување на ситуацијата.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече нападот „брутален чин на насилство“. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер на Твитер објави дека полицијата работи напорно за да го истражи злосторството.

Претходна вестСе отвора прва градска биотехнолошка лабораторија во Скопје
Следна вестКазнети 247 несовесни возачи во Скопје, 17 возеле без возачка, 84 пребрзо…