Машиновозачите добија плата за јуни, возовите тргнаа – ако нема за јули пак ќе запрат

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 14.30 часот е нормализиран, откако машинскиот персонал во Железници на РСМ – Транспорт по денешната средба со менаџерскиот тим на претпријатието го прекина бојкотот на работата и е исплатен вториот дел од платата за јуни годинава.

На средбата е договорено за платата за јули менаџерскиот тим во соработка со министерствата за финансии и транспорт да смогне сили вториот дел да го исплати до 25-ти месецов. Доколку не биде исплатен, наредниот ден, на 26 август, машинскиот персонал повторно ќе биде во бојкот и нема да ги извршува работните задачи.

Тој најави и дека повторно ќе го блокираат железничкиот сообраќај доколку не им биде исплатен и надоместот за квалитет во износ од 30 проценти, што со јунската плата им бил намален на 20 проценти.

Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал почна вчера во 16 часот со целосна блокада  на патничкиот и товарниот сообраќај.

Претходна вестНа Бугарите им се советува да не одат во Грција, Турција и Кипар
Следна вестДелчево како Кочани: Пожарот зафати дел од куќите во делчевско село, населението евакуирано