Машински инженер Драган Илиевски ќе раководи со ЗОО Скопје

Драган Илиевски е нов в.д. директор на ЗОО Скопје, соопшти вчера попладне Градот Скопје.

Во соопштението од Кабинетот на скопската градоначалничка Данела Арсовска се наведува дека Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор.

-Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по Економија, се наведува во соопштението.

Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот В.Д Директор Кристијан Стаменов кој беше разрешен откако во зоолошката беа убиени десет коњи чие месо било искористено како храна за лавовите. Поранешниот в.д директор заедно со уште пет други вработени добија и кривични пријави за масакрот на коњите а по вонредната инспекциска контрола на АХВ во Зоолошка, месото беше запленето и уништено на Дрисла.

Претходна вестИ „сухоите“ одлетаа како помош од Македонија за Украина
Следна вестТројца полицајци зеле мито од 2.000 денари за да не наплатат казна од 500 евра