Маск и група експерти предупредуваат дека вештачката интелегенција може да биде опасна

Американскиот милијардер Илон Маск и група експери за вештачка интелигенција (ВИ) бараат шестмесечен прекин на системите за обука. Според нив вештачата интелегенција може да предизвика сериозна штета.

Во отвореното писмо тие наведуваат дека овие системи се помоќни од неодамнешното лансирање на понапредната верзија на четботот „Чет-ГПТ“ на „Опен АИ“.

Писмото е потпишано од над 1.000 луѓе, меѓу кои и Маск, натаму – Емад Мостак, извршен директор на „Стабилити АИ“ и истражувачот од „Дипмајнд“, Стјуарт Расел. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна „ВИ“ додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи. Се наведува и дека ВИ може да доведе до економски и политички нарушувања. Аналитичарите ги повикаа програмерите да соработуваат со креаторите на политики и регулаторните органи.

– Писмото не е совршено, но намерата е правилна. Треба да забавиме додека подобро не ги разбереме последиците. „ВИ“ може да предизвика сериозна штета, големите играчи стануваат сѐ повеќе и потаинствени за она што го прават. Ова ги отежнува можностите, општеството да се брани од штетата што може да се случи, рече Гери Маркус, почесен професор на Универзитетот на Њујорк кој го потпиша отвореното писмо.

И Европол се приклучи кон оние кои пројавија загриженост во етичка и правна смисла. Тие предупредуваат на можна злоупотреба на „ВИ“, т.е. обиди за кражба на идентитет, дезинформации и киберкриминал.

Инаку, и „Тесла“ на Маск користи вештачка интелигенција во автомобилите со самоуправување.

„Опен АИ“, компанија поддржана од „Мајкрософт“, и создавач не „Чет-ГПТ“ ги поттикна конкурентите да го забрзаат развојот на слични големи јазични модели. Сем Алтман, извршен директор на „Опен АИ“, не го потпиша писмото.

Претходна вестПендаровски: Ќе разговараме со опозицијата, не би сакал да видам каков било друг пристап во обезбедување на тие две третини
Следна вестНов Европеец ни кажа да го смениме Уставот, кој е следниот што ќе дојде во Скопје?