Маск ќе ги лечи луѓето, прави чипови за во мозок

Американскиот милијардер Илон Маск повторно го шокира светот. Имено, тој најави дека работи на чипови за мозокот кој ќе помогнат во откривањето на тешките болести како Паркинсонова, Алцхајмерова и деменција. На чипот работат експерти од неговата компанија „Neuralink“, а се очекува да бидат тестирани на луѓе за шест месеци.

Неговата компанија развива мозочни чипови за кои вели дека би можеле да им овозможат на пациентите со хендикеп повторно да се движат и да комуницираат, а Маск вчера додаде дека дури ќе има за цел да го врати видот кај луѓе со оштетен или изгубен вид.

– Сакаме да бидеме исклучително внимателни и да се погрижиме да работи добро пред да го ставиме уредот во човек. Првите две човечки апликации на уредот ќе бидат враќање на видот и овозможување на движење на мускулите кај луѓе кои не можат да го направат тоа. Дури и ако некој никогаш немал вид, ако е роден слеп, веруваме дека сепак можеме да го вратиме видот изјави, Маск.

Компанијата, со седиште во заливот Сан Франциско и Остин, Тексас, спроведува тестови на животни во последниве години додека бара истовремено одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да започне клинички испитувања на луѓе.

 

Претходна вест„Лајка“ се пофали: За еден месец стеризиравме и кастриравме 111 бездомни кучиња
Следна вестКосовец ја застрелал својата сопруга и нероденото бебе