Маск потврди дека сите социјални медиуми цензурираат содржина по налог на ЦИА

Сите социјални мрежи соработуваат со американската влада на цензурирање на содржината, изјави во вторникот извршниот директор на Твитер, Илон Маск.

– Сите социјални мрежи имаат жестока цензура, со значително учество, а понекогаш експлицитни упатства од владата, напиша Маск на Твитер. Покрај тоа, според неговите зборови, Гугал често прави тие врски да исчезнат.

Маск мислеше на интерна комуникација на Твитер која ја објави новинарот Мат Таиби со негово одобрување, а која сугерирала дека високи раководители на Твитер одржувале редовни состаноци со членови на ФБИ и ЦИА, за време на кои агенциите им доставувале списоци со „стотици проблематични налози“ кои треба да бидат суспендирани пред изборите во САД во 2020 година.

Освен со Твитер, владата била во контакт со речиси секоја поголема технолошка фирма тврди Таиби, односно Фејсбук, Мајкрософт, Редит…

Агентите на ЦИА „речиси секогаш“ присуствувале на состаноците на овие фирми со работна група за надворешно влијание на ФБИ, тврди Таиби.

Претходна вестМакедонската Армија доби нови 200 професионални војници
Следна вестЦените на струјата за дел од домаќинствата намалени за да не се почуствува зголемувањето на ДДВ-то