Масовен одѕив во акцијата за помош на настраданите во земјотресот, се донира храна, облека, пари…

Бројни пакети со разновидна помош од вчера се собрани на главниот скопски плоштад во рамките на акцијата за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Стотици пакети со носат и на вториот пукт во Старата чаршија а истовремено, и натаму се донира на двата телефонски броеви кои се отворени за собирање на средства, со цел, помош на семејствата на настраданите лица, како и на оние кои останаа без кров над глава. Пунктови за помош се отвораат и во помалите градови, а денеска се отвора еден во Битола кој ќе функционира од 9 до 15 часот.

На пунктот на плоштадот во Скопје кој работи 24 часа, хумани граѓани донесоа ќебиња, прекривки, јакни, шатори. Се носат и конзервирана храна, средства за хигиена, алишта.

Оtтаму информираат дека акцијата ќе трае до сабота на полноќ, по што потоа истите ќе започнат да се транспортираат кон погодените подрачја и ќе бидат доставени до најпогодените семејства во Турција.

Црвениот крст на Северна Македонија отвори и сметки и телефонски броеви на кои сите заинтересирани фирми и граѓани може да донираат парична помош за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија: – Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија; – донација од 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1

Претходна вестПочина легендарниот Ќиро Блажевиќ
Следна вестОддлеченост меѓу училиштата и казината и обложувалниците ќе мора да биде најмалку 500 метри