Матка се уништува пред неговите очи, а Шилегов гласно признава дека е немоќен

Скопјани не можат да се помират дека на Матка никнуваат дивоградби на место заштитено и забрането со закон – а надлежните буквално не мрднаа со прст. Додуша и самите скопјани не се помрдна нешто посебно за да инсистираат до надлежните да ја чуваат Матка.
Градските власти, освен што неколку пати си ја префрлаа топката, од општината Скопје на Сарај, и некои други релации, не преземаа ништо да го спречат градоначалникот на Сарај да дозволи уништување на заштитената природа. Шилегов, пак и вчера се иззема од одговорност и се одбрани од далеку:
-Секоја инспекција треба самостојно да си ги организира сопствените служби, вклучително и градежната инспекција. Ние што можеме да го направиме како град, тоа го правиме, рече Шилегов.
Логиката наметнува неколку прашања: на страна Сарај, ако „дивее“ градоначалникот на било која општина, Аеродром, Карпош… ништо ли не смее централната власт да преземе? Зарем живееме во општество во кое локалната власт е „царот“ а централната само про-форма владее? Кој воопшто може да ја контролира и казнува работата на градоначалниците?
Очекувано, одговори на овие јавно поставени прашања и до Градот Скопје и до Владата, најверојатно нема да има.