Темно Режим Светло Режим

Матка се мачи со огромни дивоградби, а и доволно паркинг никако да направат

Матка се мачи со огромни дивоградби, а и доволно паркинг никако да направат Матка се мачи со огромни дивоградби, а и доволно паркинг никако да направат

Матка е украс на природата. Матка е бисерот на Скопје. Ама Матка е и местото кое не се одржува како што треба.

Деновиве можни одрони го стопираа шетањето по патеката покрај езерото. Но, да речеме дека тоа е проблем во кој е вклучена и виша сила, но што е со отежнатото доаѓање до Матка? Несредени патишта, а и недостаток на паркинг е секојдневие со кое се судираат и скопјани и туристите.

Секој викенд таму се повторува истата слика – километарски колони, возила паркирани од двете страни на тесниот пат и пешаци кои буквално се провлекуваат меѓу автомобили. Недостигот од организиран паркинг создава хаос, небезбедност и нервоза, а туристичкото искуство се претвора во кошмар.

Зошто со години никој сериозно не размислил за монтажна катна гаража на тамошниот простор? Со добра организација, гаражата може да биде дискретно вклопена во просторот и функционално решение за долг рок.

Впрочем, толку дивоградби беше принудена Матка да прибере, па може да се најде место и за нешто корисно.

Претходниот Пост
Факултетите се штампарии за дипломи – тој проблем треба да е приоритет за решавање во високото образование

Факултетите се штампарии за дипломи - тој проблем треба да е приоритет за решавање во високото образование

Следниот Пост
Уапсен Ацо Ѓукановиќ во полициска акција во Црна Гора

Уапсен Ацо Ѓукановиќ во полициска акција во Црна Гора