Маж фатен во грабеж среде бел ден

Вчера попладне во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 57-годишниот Б.Т. од Охрид, извести МВР.

– Тој бил затекнат на улицата „Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЧавушоглу до Грција: Не барајте авантура
Следна вестЕУ пак ни покажа дека многу не сака, ама ние не ја разбираме