Маж ги заклучил вработените во општина Врапчиште и ги кршел канцелариите

Полицијата го приведе Б.Т.(48) од селото Неготино во околината на Гостивар, кој агресивно се однесувал во објект на општина Врапчиште, во кој бил сместен Секторот за урбанизам.

Според пријавеното, тој во една просторија ги заклучил вработените и го оштетил инвентарот и опремата во другите канцеларии на објектот. Набргу потоа, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени две ловечки пушки и пиштол за кои поседувал соодветни дозволи.

Б.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Претходна вестЗа три дена Србите предале 8.500 парчиња оружје и 398.450 парчиња муниција
Следна вестМухарем Инџе се повлече од трката за претседател на Турција