Тешко повреден моторџија при судар со автомобил

Дваесетитригодишно момче заврши на скопските клиники откако во него удрил 68-годишен човек со автомобил. Несреќата се случила вчера, некаде околу 15 часот, на улиците „Владимир Полежановски“ и „Рајко Жинзифов“. Како се случило човекот со автомобилот да удри во моторџијата не е јасно, односно не се знае причината за сударот.
Со тешки телесни повреди младиот моторџија бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.