Мечка нападнала стадо со овци во Гостиварско

Во гостиварското село Равен, мечка изела шест овци, информираат од Центарот за управуцање со кризи.

Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на село Равен. После пријавата во ЦУК, на терен излегле од полициска станица Гостивар. Како што информираат од ЦУК, по утврдувањето на состојбата на терен ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и Општина Гостивар.

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 2.091 на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 65,52%, а 34,48% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,73%, кон Итната медицинска помош 20,64%, а кон пожарникарите 6,10%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 785 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (6%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (34,48%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Седум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Карпош покрај ул.„Скупи“ (дива депонија) и кај болница Бардовци (сува трева); Прилеп, покрај ул.„Македонска“ (сува трева и скелиња за тутун); Општина Пехчево, кај село Негрево, месност „Каширска Чешма“ (нискостеблести растенија и млада борова шума); Штип, покрај ул.„Косовска“ (ѓубриште, грмушки и сува трева);Општина Старо Нагоричане, кај село Старо Нагоричане (суви гранки) и во Општина Ранковце, с.Гиновци (мешана сечена шума).

Вчера имаше потрага по исчезнато лице во Општина Битола. Конкретно Регионалниот ЦУК Битола, информираше дека лице на 19 години од Горно Оризари е пријавено за исчезнато од страна на неговите родители во МВР СВР Битола во 20:30 часот. Пред полноќ акцијата успешно завршила. Во 23:50 часот од полицајците на МВР СВР Битола изгубеното лице е пронајдено.

Претходна вестСАД и Франција ја повикуваат новата македонска влада да ги почитува меѓународните обврски
Следна вестМечка нападнала стадо и изела шест овци во гостиварското село Равен