Темен режим Режим на светлина

Мециновиќ: Од сабајле до вечер ќе бидеме на терен со граѓаните

Изјава на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната средба со граѓани на ул. Македонија:

-Ние, како што знаете, добивме забрана за рекламирање на медиумите, но тоа значи дека следните дваесет дена ние ќе ги поминеме на улица од сабајле до вечер, без бини, без гламурозни манифестации.

Секој скопјанец ќе може да дојде и да разговара со нас, затоа што конечно градските власти и после изборите треба да се вратат потполно доле на теренот и да разговараат со луѓето за нивните проблеми.

Не ни се потребни прескапи студии, потребни ни се политичари кои се помеѓу својот народ за да можат да го опипаат неговиот пулс и да ги дадат вистинските решенија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Изборот на нов претседател на Советот на ЈО одложен за по изборите

Следна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер