Мед за Џејми Ли Кертис од Атиџе Муратовска

Џејми Ли Кертис, познатата актерка синоќа на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со подарокот што го добила од нашата Атиџе Муратовска, со која Македонија се прослави во Холивуд и светот, преку филмот „Медена земја“.

Кертис објави фотографија од тегла мед од македонската пчеларка и очигледно е презадоволна од подарокот.

-Изненадување. Подарок што трае. Директно од изворот. Мед од тимот на „Медена земја“. Атиџе ми остави една тегла. Ветувам ’пола за мене, пола за нив‘. Во овој случај, кој е ’нив‘ за мене?-напишала Кертис.

Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го изгледале „Медена земја“, инсистирам да го направите тоа, стои во нејзината објава.