Медведев: Западот водејќи хибридна војна против Русија се приближува кон светска војна

По експлозијата на ракета во Полска се огласи и поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Путин, Дмитриј Медведев. Тој преку социјалните мрежи изјави дека експлозијата на полска територија покажала дека Западот се приближува кон нова светска војна.

-Инцидентот со наводниот „ракетен напад“ на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна, напиша Медведев на Твитер.

Полскиот претседател Анджеј Дуда синоќа изјави дека неговата земја нема конкретни докази за да покаже кој ја испукал ракетата од чија експлозија загинаа две лица во Полска.

Претходна вестИтен состанок на НАТО за падот и експлозијата на ракета во Полска
Следна вестГ20: Осуда за војната во Украина и предупредување за нуклеарна катастрофа