Меркел се надева дека Македонија годинава да ги започне преговорите, а Албанија ќе почека

Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ. Ова го изјавила канцеларката Ангела Меркел на видеоконференција со парламентарците од европскиот континент.

-Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија“, рече Меркел и додаде: „Албанија направи голем напредок, но особено во прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што сè уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете“.

Таа се надева дека Македонија годинава ќе ги почне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

-Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро, рече канцеларката.

Претходна вест32 лица починале од вирусот, 336 новоинфицирани, 544 оздравени
Следна вестМВР ја советува Ангелеска да пријави ако и е нанесена неправда, а таа објасни за лигушите…