Место со 1.000, независните бараат да им се дозволи учество на изборите со 50 потписи: Стануваме Северна Кореја, таму нема независни

66

Да се направат измени на Изборниот законик со кој ќе се предвидува кандидатурата на независни листи на претстојните локални избори да се овозможи со 50 потписи на граѓани. Ова го побараа претставници на независни граѓански иницијативи од земјава откако пред десетина дена Уставниот суд укина членови на Изборниот законик кои се однесуваат на независните кандидатури. Бараме да ни се овозможи на следните локални избори да имаме јасни услови за кандидатура рече Јана Белчева од Шанса за Центар

-Нашите барања се однесуваат на правната празнина која се создаде со укинување на членот од Изборниот законик со кој се подигна прагот за собирање на потписи за независни листи на 1 посто што Уставниот суд го оцени како неуставен. Во нашето барање стои дека ние бараме со 50 потписи да може да се настапи на кандидатска листа, вели Јана Белчева.

Ваквото барање според Горјан Јовановски од Зелен Хуман Град е според европски критериуми каде се отвора можност за демократија. Доколку не се донесат потребните одредби во законот тој бара можноста за кандидирање да биде отворена.

-Во отсуство на дадени услови и критериуми треба да биде отворена а не затворена можноста за независни листи да можат да се кандидираат на наредните локални избори. Сега за жал тоа зависи од толкувањето на законот од страна на Собранието на законодавниот дом и од страна на ДИК, кои што на крај може да рече, знаете што ние поинаку си го толкуваме и едноставно нема да ви ги прифатиме вашите поднесоци за локалните избори, изјави Горјан Јовановски од Зелен хуман град.

Немањето услови за независните кандидати е кршење на уставното право на избори, вели Агрон Арифи од Подобро за Тетово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестУкрадено возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
Следна вестДете под 5 години најмлад корисник на дрога