Мета ќе плати 725 милиони долари казнa

Мета се согласи да плати 725 милиони долари за да ја реши долготрајната тужба во која се тврди дека Фејсбук незаконски споделувал кориснички податоци со истражувачката компанија Кембриџ Аналитика.

Тоа е „најголемата сума што некогаш била постигната во акцијата за заштита на приватноста на податоците и најмногу што Фејсбук некогаш платил за да се реши приватна тужба“, соопштија доцна синоќа обвинителите, според Блумберг.

Спогодбата ја носи Мета еден чекор поблиску до решавање на тужбата од 2018 година, откако беше откриено дека британска истражувачка фирма со врски со претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година добила пристап до податоците на дури 87 милиони корисници. Спогодбата сепак мора да биде одобрена од федерален судија.

Откако беше поднесена тужбата, Фејсбук престана да им дозволува на трети лица пристап до податоците на корисниците преку нивните пријатели, соопштија обвинителите.

Компанијата, исто така, ја зајакна својата способност да ограничи и следи како трети страни добиваат и користат информации за корисниците на Фејсбук и ги подобри своите методи за да им кажува на корисниците кои информации Фејсбук ги собира и споделува за нив, се вели во поднесокот.

Претходна вестМакедонска литературна вечер во Москва
Следна вестКосово му забрани на српскиот патријарх да дојде во Пеќката патријаршија во пресрет на Божик