Темно Режим Светло Режим

Метео: Сончево и многу топло време!

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер.

Максималната температура ќе биде 41 степен Целзиусов.

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура насекаде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Претходниот Пост

Општина Аеродром почна со обнова и реконструкција на училиштата и градинките

Следниот Пост

На „Табановце“ се чека над половина час - АМСМ со важни информации за возачите