Методи Максимов од Работнички потпиша за Шкендија

Младинскиот репрезентативец Методи Максимов од Работнички прави трансфер во Шкендија. Во договор на двата клуба, досегашниот играч на „романтичарите“ и еден од најталентираните фудбалери во шампионатот на Македонија, во иднина ќе настапува за тетовскиот тим и потпиша договор за три и пол сезони.

– Голема чест е да се биде дел од составот на Шкендија, се надевам дека ќе ја оправдам довербата“, изјави Максимов по потпишувањето на договорот.

Работнички се збогува со досегашниот фудбалер и младински репрезентативец.

– ФК Работнички му се заблагодарува на Методи Максимов за секој момент, секоја емоција, секоја минута во дресот на нашиот клуб. Благодариме за сѐ Метка, многу среќа и успех во понатамошната кариера!, објави ФК Работнички.

Максимов во есенскиот дел од првенството одигра 14 натпревари за Работнички, вкупно 1164 минути и постигна три гола.

Претходна вестТепачка пред кафеана во Кисела Вода
Следна вестНијагарините водопади замрзнаа по снежното невреме