МФ апелира да се усвои предлогот со кој обложувалниците ќе бидат 500 метри оддалечени од училиштата

Во Собранието што побрзо да се усвојат измените на Законот за приредување игри на среќа со кои ќе се обезбеди 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училиштата, апелираат од Министерството за финансии.

Овој предлог чека на усвојување веќе година дена и е во прво читање во собраниска процедура.

-Во јуни 2021 година е испратен во Собранието, а на дневен ред на седница на Комисијата за финансирање и буџет, како матично работно тело, беше ставен на разгледување на 34-тата седница закажана за 9 февруари 2022 година,  на истата не се изгласа ниту дневниот ред. Оттогаш не е закажано ново продолжение на седницата за да може да се разгледа ова  законско решение кое е насочено пред се да ја заштити малолетната популација од стекнување несоодветни навики, велат за МИА од Министерството за финансии.

Новото законско решение, како што објаснуваат, предвидува оддалеченост на објектите во кои се приредуваат игри на среќа и забавни игри да биде најмалку 500 метри од образовни институции, подигнување на критериуми и услови за добивање лиценца и значително зголемување на давачките за приредувачите на игри на среќа и забавни игри. Со цел да се оневозможи лесниот пристап на малолетните лица со Законот се предлага и воведување ограничување на бројот на уплатно-исплатни места на обложувалниците, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца, како и воведување надомест за секое ново уплатно-исплатно место, односно деловна просторија за автомат клуб.

Претходна вестМладите бегаат од Бугарија: „Тука е хаос“
Следна вест105 новозаразени од Ковид – 19, 491 активен случај