Темен режим Режим на светлина

Мицевски: СДС за одговорност прво нека се обрати кај Филипче, Заев, Спасовски, Ахмети, сега има правда која се темели на наоди на институции кои работат слободно

Прашање: Коментар на барањата на СДСМ за кривична и политичка одговорност на Тошковски, Јанев, Мицкоски.

Одговор: СДС нека се обрати најпрвин до Филипче, Заев, Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ, Спасовски, Ахмети и дружината за секое злодело што е направено во државава изминативе 7 години, а за некои и подолго.

Истовремено, додека тие посочуваа кабел за виновник за модуларната болница, тука има правда втемелена на наоди на обвинителство и полиција кои работеа, работат и слободно без притисоци. Работат без штитење на функционери како што впрочем Заев на времето го штитеше Филипче, Анѓушев, Артан, Бујар, Блерим, Мерко, Муса, разни внуци, пуцковци, грчевци, барони, арачиновци и други бандитски ликови од други различни партии, етнички групи кои сложно ја уништуваа државата, ги руинисаа институциите и го разочараа и ограбуваа народот.

Прес-конференција на Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

Следна објава
Израел нападна позиции на Хезболах во предградијата на Бејрут

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава