Власта веќе подолг период насочено работи и вложува со цел да се подобри здравствениот систем во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се вложува уште многу пати повеќе од ова што сега се прави, бидејќи како што потенцира – за жал многу малку е направено во минатото.
Тој ја посети Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје”, каде што беа промовирани нов апарат за магнетна резонанца и лапароскопски столбови.
„Како Влада сериозно се зафативме со овој проблем. Ќе има сериозни реформи, и структурни, но и квалитативни, и убеден сум дека за неколку години од денеска ќе имаме комплетно нова претстава во здравството. Одвојуваме за здравството повеќе од една милијарда евра. Нешто што досега никогаш не било ни приближно направено. Да речеме само во годината за време на ковидот таа бројка била некаде околу 500-550 милиони евра”, изјави Мицкоски.
Многу брзо од денеска, најави тој, секој еден граѓанин ќе може да почувствува дека јавното здравство нуди услуги коишто се конкурентни и квалитетни.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



